Марсениќ: Четвртфинале – тоа е мислата со која легнуваме и се будиме!

Ракометната машка репрезентација на Србија ги одработува последните подготовки пред настапот на Мундијалот во Полска и Шведска. Со доведувањето на Шпанецот Херона на клупата, орлите полека но сигурно тргнаа по вистинскиот пат како на резултатски план, така и во однос на атмосферата во тимот.

Секое наредно големо натпреварување растат и амбициите на Србија, па така и овојпат се решени да ја остварат својата првична цел, е тоа е пласманот во четвртиналето.

Мијајло Марсениќ е уште едно познато име на македонската ракометна јавност. Пикерот кој настапуваше за Вардар во неговите најдобри денови, се надева дека конечно тој и неговите соиграчи ќе стигнат до посакуваното четвртфинале, мисла со која легнуваат и се будат.

Се надевам дека ништо нема да не спречи овојпат, како што беше случајот со короната минатата година.Се гледаме себе си во втората фаза со шанса да се избориме за четвртфинале, што е и наша цел.Бараж натпреварите против Словенија покажаа како можеме да играме кога сме комплетни. Не треба да се плашиме од предизвици, ни од тоа главна цел да ни биде четвртфиналето. Фокусирани сме комплетно кон тоа, и со таа мисла треба да одиме на тренинг, легнуваме и да се будиме .-изјави Марсениќ за „Спортски Журнал“.

Србија се наоѓа во последната фаза на своите подготовки во која се вклучени два пријателски натпревари против Шведска кои се на програмата на 6 и 9 јануари. Борбата за четвртфиналето ќе ја водат во групата Е во Катовице против селекциите на Германија, Катар и Алжир. Својот премиерен натпревар на Мундијалот ќе го имаат  на 13 јануари против селекцијата на Алжир.