Селекцијата на Алжир беше на работ да загуби од африканскиот ривал Мароко, но со огромен пресврт во второто полувреме ги освои бодовите, откако славеше триумф со 24-23 во првиот натпревар од групата Ф.
Алжир поведе само на стартот со 1-0, а потоа во првото полувреме се беше во знакот на Мароканците, иако пред мечот Алжирците беа прогласени за фаворит. Мароко предводен од некогашниот ракометар на Еурофарм Работник, Ашраф Адли играше одлично во средината на првиот дел, стигна до плус три, 5-8.
Се одлепија Мароканците на 5-11, а до крајот на првиот дел успеаја да направат и сигурна залиха од седум голови, 8-15. Но сепак тоа не беше доволно да имаа мирно второ полувреме.
Како одминуваше времето така Алжир се враќаше во игра и ја намалуваше разликата. Иако имаше водство од 22-23 и напад, на минута и пол до крајот, мароканскиот селектор се коцкаше и играше без голман. Неговите играчи згрешија два пати, Алжир погоди преку Хишем и ја однесе победата.
Мароканците може да жалат што испуштија победа над големиот ривал, а интересен детал од оваа средба е што имаше дури три црвени картони за Мароко.