Поранешниот репрезентативец на Данска, Николај Маркусен би требало да се врати во својата земја следното лето според информациите на „Спорт ТВ2“.
Лано во февруари, Маркусен се договори и потпиша за Веспрем иако имаше важечки договор на уште три сезони со Бјерингбро Силкеборг.
Данскиот клуб не побара никакво обештетување за заминувањето на Маркусен во Унгарија.
Поранешниот лев бек на репрезентацијата на Данска е пред промоција во Холстебро и најверојатно тој клуб ќе биде и новата дестинација на 32-годишниот ракометар, кој, беше дел и од моќниот тим на Атлетико Мадрид.
На Маркусен договорот со Веспрем му истекува на лето во 2022 година и потоа се очекува и неговиот трансфер во амбициозната екипа на Холстебро.