Марко Тарабокија: Ќе оправдаме зошто сме во Металург!

Тимот од Автокоманда сезонава направи сериозни промени во своите редови донесе големи засилувања, кои почнаа да ги потврдуваат амбициите на клубот.

До крајот на сезоната, странците и ќе го оправдаат своето присуство во Металург, смета Марко Тарабокија.

„Не сакам да мислам далеку, туку на сега и на блиска иднина. Можам да нè видам како се радуваме во јуни на успешната сезона. Работиме, се трудиме. Знаеме каде бил Металург претходно и сега се трудиме да го вратиме на тие патеки, тоа ни е некоја водилка и верувам дека ќе го покажеме тоа и ќе оправдаме зошто сме тука, па ќе видиме што ќе донесе времето. Најважно е да бидеме задоволни од самите со себе. Да знаеме дека сме го оставиле срцето на секој меч, дека сме направиле сè и сме си го одработиле своето. Нема срам во тоа да загубиш од Вардар или Пелистер, кои исто така се врвни екипи кои многу работат на себе. Ако се ’истепаш’ со нив, одиграш машки можеш да бидеш задоволен. На крај на сезона да бидеме за тоа чисти пред самите себе си, па каков ќе биде резултатот, нека биде, нека победи подобриот.“

ИНТЕРВЈУ МАРКО ТАРАБОКИЈА: Страста за ракометот во Македонија ги „влече“  хрватските играчи и тренери