Стевче Алушовски и во новата сезона ќе биде предводник на се уште актуелниот европски шампион Вардар.
За српскиот ракометен портал „Balkan Handball“ говореше за амбициите на тимот и за продолжувањето на договорите со играчите што веќе се дел од тимот.
„Марко Мишевски и Борко Ристовски ги продолжија договорите со Вардар, а среќен сум што Борко ќе го имам за наредната сезона. Тој дојде во тимот кога сите заминуваа, врвен голман и го има тој победнички дух“, вели Алушовски.
Стратегот на Вардар откри дека го посакува и Никола Митревски во својот тим, а блиску до останување е и младиот Марко Кизиќ. Заминуваат Калифа Гедбан и Артурс Кугис.