Тимот на Еурофарм Пелистер одигра само реми, 27-27, со португалскиот претставник Агуаш Санташ во 8 коло од Лигата на Европа.
Пелистерци треба да му се заблагодарат на голманот Марко Кизиќ, кој го одбрани последниот удар на гости и спаси бод.
Токму овој бод на крајот на групната фаза можеби ќе се покаже како клучен за пласманот во осминафиналето.
Кизиќ имаше осум одбрани на овој натпревар, меѓу нив и контранапад на гостите кога правеа разлика во финишот на мечот…