Маркоски: Имаме позитивни мисли, селекторот ни даде насоки како да се браниме против Норвешка (ВИДЕО)

Македонската репрезентација вечерва го започнува својот настап на Светското првенство кое од 11 до 29 јануари се одржува во Полска и Шведска. Противник на четата на Кирил Лазаров ќе биде фаворитот за медал Норвешка,но од нашиот табор најавуваат максимална борба и добар настап вечерва. Еден од поискусните во овој состав е пикерот на Алкалоид, Никола Маркоски кој вели дека атмосферата во репрезентацијата е  на високо ниво, и со позитивна мисла се очекува вечерашниот дуел против Норвешка. Комплетната изјава на Марковски дадена за 24Ракомет ТВ погледнете ја на видеото подоле.