Мараш: Ние почнавме споро, а Магдебург делуваше моќно во нападот

Екипата на Магдебург го доби првиот дуел од двобојот против Еурофарм Пелистер во Битола со 32:24 од осминафиналето од Лигата на Европа. Со ова практично е одлучен двобојот бидејќи ќе биде тешко во Германија следниот вторник да се надомести.

Младиот хрватскиот десен бек Матео Мараш смета дека на овој дуел ниту одбраната, ниту нападот не беа на посакуваното ниво.

„Започнавме доста споро, со нашата игра не им помогнавме на нашите голмани, наспроти нивна моќна игра во нападот, особено еден на еден. Нашиот напад исто така затаи, тие одлично ги затворија нашите кружни напаѓачи, голманот Грин беше одличен“, вели Мараш.

Реванш дуелот меѓу овие две екипи се игра следниот вторник во „Гетек Арена“ со почеток во 18:45 часот.