СЕХА лигата ги објави најдобрите пет гола во месецот, а во топ пет имаше место и за двајца ракометари од македонските претставници Еурофарм Пелистер и Вардар.
Претставник од Е.Пелистер е Матео Мараш со голот од девет метри во натпреварот против Партизан, додека од Вардар место доби Оливие Њокас со еден од неговите голови против Војводина.
Помеѓу најдобрите голови се најде и голот на Предраг Вејин од Нексе во средбата со Вардар.