Мараш: Битола живее за ракомет, многу ни фалат навивачите

Еден од најдобрите поединци во Еурофарм Пелистер на мечот со данскиот ГОГ Гудме беше младиот хрватски интеранационалец Матео Мараш.

Десниот бек, кој го привлече вниманието на хрватската јавност, потекнува од школата на легендарните Ивано Балиќ и Петар Метличиќ и во Битола го има првото интернационално искуство.

„Во Битола има интернационалци и Македонци, многу добро сме склопени. Градот живее за ракомет. Го имаме тој тимски дух, кој не поврзува, имаме добра атмосфера, добар тренер, а Мандалиниќ е нашиот мотор“, вели Мараш за „24 Сата“.

Мараш вели дека клубот има високи амбиции.

„Ова ми е прва година во странство, но претходно многу научив од нашите легенди Балиќ, Метличиќ, Анушиќ…Мојот клуб има високи амбиции и останувам тука следната сезона. Единствено ни недостигаат навивачите, кои се голема поддршка, но и големи критичари, многу влијаат на играта“, заврши Мараш.

Следен предизвик за него и Еурофарм Пелистер ќе биде двобојот со Рајн Некар Левен во Лигата на Европа.