Летната пауза помеѓу сезоните вообичаено ракометарите ја користат за семејни веселби и прослави.
Иако Хрватот Давид Мандиќ имаше план нешто подоцна, односно непосредно пред Олимписките игри да ја одржи својата венчавка сепак тоа го направи малку порано, бидејќи Хрватска нема да игра во Токио.
Левото крило на Загреб и неговата сопруга Ана се венчаа во црква во Мостар од каде што потекнува Ана. Мандиќ и неговата партнерка се заедно четири години, а свадбената прослава ја направија во ресторан во ресторан близу Мостар.
Според хрватскиот портал „24 Сата“ на свадбата биле присутни луѓето од врвот на хрватскиот ракомет, меѓу нив Зоран Гобац, како и голем број ракометари – Матеј Хрстиќ, Јосип Векиќ, Денис Бунтиќ…Дури и по неколку дена од свадбата се уште се пишува за неа низ хрватските медиуми.
Мандиќ кариерата ја започна во Извиѓач, а од 2018 година е член на Загреб и репрезентацијата на Хрватска.
View this post on Instagram
View this post on Instagram