По две сезони одиграни во Битола, Стипе Мандалиниќ кариерата ја продолжи во АЕК Атина, но навивачите во Струга не беа пријателски расположени кон хрватскиот интернационалец. На натпреварот меѓу АЕК и Еурофарм Пелистер кој решаваше за тоа кој тим ќе игра во финалето на турнирот присутни беа и навивачи од Битола.
А тие му приредија „жежок пречек“ на нивниот поранешен играч. Песни, скандирања и транспаренти имаше на средбата. Најинтересен оној со наслов „Манакенчич“.
Левиот бек Мандалиниќ во Битола одигра две сезони, а кај тамошната јавност преовлада фактот дека не го даде максимумот додека беше дел од Еурофарм Пелистер.
Навивачите сметаат дека на клучните мечеви потфрлил и почесто се жалел на повреди отколку што постигнивал голови. По завршување на ланската сезона договорот не му беше продолжен, па замина да игра во првенството на јужниот сосед на Македонија.
Битолкста публика важи за одличен ракометен познавач, па сигурно и со право го поздравија нивниот поранешен играч.