Репрезентативецот на Македонија и ракометар на Веспрем, Дејан Манасков бше положен на хируршки зафат заради санирање на повредата на коленото која ја доби на натпревар од првенството на Унгарија.
Манасков се чувствува добро после операцијата и веќе почна со заздравувањето. Објави фотографија од болница каде што ги поздрави своите фанови.
„Операцијата помина добро и се чувствувам одлично. Благодарам на поддршката која пристигаше од сите страни во последните две недели“, напиша Манасков.
Со оглед на тоа што се работеше за операција на колено ќе има долга пауза, па доколку оди сè според планот ќе може да се врати на терените за финишот од сезоната.