Дејан Манасков се врати на ракометните терени по осум месеци и заигра во Лигата на шампионите во дресот на Веспрем.
Македонскиот репрезентативец паузираше осум месеци поради повреда на лигаментите, но вчера го имаше камбекот на теренот.
Играше во вториот дел и успеа да постигне еден гол од двата обиди што ги имаше кон голот на данскиот Алборг.
Погледнете го единствениот погодок на Манасков…