Натпреварот меѓу Металопластика и Мешков Брест донесе интересен ракомет, но не само тоа бидејќи на овој дуел еден ракометар постигна дури 20 гола. Никита Вајлупов успеа да дојде до овој број на голови со што го надмина досегашниот рекорд кој беше во сопственост на Дејан Манасков и Радослав Антл. Тие имаа по 17 гола постигнати на еден меч, но сега ќе бидат запишани на 2. место на вечната листа.
Ракометарот на Мешков Брест е веќе промовиран во нов рекордер така што ова ќе биде постигнување кое ќе биде предизвик за сите во иднина и ќе биде навистина тешко да биде надминато. Вајлупов постигна поголем број од головите бидејќи составот на Мешков имаше 33 гола на крајот од средбата.
Сепак, на оваа средба тимот на Металопластика беше тој што успеа да дојде до бодовите бидејќи победи со 35:33.