Манасков за 24Ракомет ТВ: Ќе дадеме сѐ од себе трофејот да остане во Скопје (ВИДЕО)

 

Актуелниот бранител на Куп трофејот во машка конкуренција, тимот на Вардар, обезбеди ново финале, откако во полуфиналниот дуел против Алкалоид славеше убедливо со 31:22. Одлична партија во дресот на ,,црвено-црните" имаше левото крило Дејан Манасков со 12 постигнати погодоци. Искусниот ракометар ги сподели своите впечатоци по дуелот со Алкалоид, како и своите очекувања за финалето против Еурофарм Пелистер. Целосната изјава на Манасков можете да ја погледнете на видео прилогот во продолжение...