Мал јубилеј: Вардар во Прешов ја забележа 130-та победа во СЕХА!

На „врзаното“ гостување на Вардар, во Украина и Словачка во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, „црвено-црниот“ тим забележа две победи.

Ако малку се мачеа во Украина, сега во Прешов против словачкиот првак Татран, вардарци одиграа рутински натпревар во кој триумфираа со 22-29.

Тоа беше трет триумф сезонава за петкратниот СЕХА шампион, и вкупно 130. во деветте сезони во регионалното натпреварување.

Сега по три одиграни натпревари сезонава Вардар е повторно на првото место на табелата со девет бода, исто колку и Мотор Запрожје и Војводина.