Мали промени во Суперлигата: Група А стартува на 14, група Б на 22 октомври!

Суперлигашки ракомет ќе се игра повторно од 14 октомври. Ракометната федерација на Македонија ги извести клубовите дека планот за продолжување на натпревари би требало да се реализира следната седмица.

Натпреварувањето во групата А беше прекинато пред три седмици, додека групата Б престана да се игра пред две седмици.

Групата А треба да започне со натпревари на 14 октомври со третото коло, а ќе има отстапка за следните кола кои нема да се играат петок и понеделник. Тие ќе се одиграат на 17, 21, 24 и 28 октомври.

Тимовите од групата Б ќе добиjaт поголем простор за тренининзи и ќе стартуваат со натпревари од петтото коло на 22 октомври. До краjoт на месецот ќе има натпревари на 25 и 29 октоври.

По ЕХФ неделата, коja e од 2 до 8 ноември, ќе биде познато дали ќе се одиграат уште седум кола.

Од оние клубови кои што имаа пријавено позитивни случаи на коронавирус редовно си тренираат Радовиш и Охрид и полека се комплетираат со враќањето на заразените ракометари, додека дел од играчите на КЛ7 имаат индивидуални тренинзи, а со групни тренинзи би требало да започнат во текот на оваа седмица.

Дел од играчите на Струга се во изолација до 9 октомври, па од следниот ден веројатно ќе бидат во погон и ќе имаат неколку дена да се подготват за новите предизвици, а сличен е случајот и со Работнички.