Францускиот селектор Гијом Жил не може да крене глава од проблеми пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
По немилиот настан со Елохим Пранди, Жил остана без услугите на Лука Карабатиќ за континенталниот собир.
Tој на почетокот на декември имаше повреда на мускулот и според прогнозите требаше да спремен за ЕП, но нема да биде така.
Во негово отсуство, Жил веројатно многу повеќе ќе ги користи Николас Турна и Лудовик Фабрегас во двата правци, иако тука ќе биде и членот на Нант, Тео Монар.
Селекторот на Франција од претходно остана без услугите на Ремили, Н’гесан и Лука Карабатиќ, а позитивни на коронавирус беа Никола Карабатиќ, Беноа Конку, Реми Десбоне, Уго Деска, Јанис Лене, Ејмерик Мин и Дилан Наи.
Франција е во групата Ц што ќе се игра во Сегедин, заедно со селекциите на Србија, Хрватска и Украина.