Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за осминафиналто во Европскиот Куп во машка и женска конкуренција.
Кај мажите, Македонија ќе има само еден преставник. Дарио Петровски со италијанскиот клуб Јуниор Фасано за ривал го доби хрватскиот Сесвете, а овие средби ќе се играат на 11/12, односно 18/19 февруари.
Кај жените, турскиот Коњалти, каде што настапуваат Моника Јанеска и Ивана Гакидова за противник во осминафиналето ја доби португалската Бенфика, додека ќе има и македонски двобој.
Полскиот Кобержице каде што игра Зорица Десподовска, ќе се соочи со словачкиот тим Јувента Михаловце, каде што настапува Александра Коловска.
Натпреварите од осминафиналето кај дамите ќе се одиграат на 7/8, односно 14/15 јануари 2023 година.