Македонци ќе ја „окупираат“ Русија

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за реванш четвртфиналните средби од женската Лига на шампиони и првите четвртфинални средби од Лигата на Европа.

Силвана Карбеска и Марија Илиева ќе ја делат правдата на дуелот меѓу ЦСКА Москва и ЧСМ Букурешт, на кој рускиот тим ќе брка негатива од пет погодоци.

Овој дуел се игра во „Динамо Арена“ во Москва на 11 април со почеток во 16:00 часот.

Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа меѓу Чеховски Медведи и Рајн Некар Левен. Овој дуел ќе се игра на 13 април со почеток во 18:45 часот.