Македонците мотивирани, Данците шокирани: Црвено-жолта рапсодија во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Данска 11-03-2021

Огнено крштевање за новиот селектор на Македонија. Кирил Лазаров требаше да ја спасува јадната ракометна репрезентација на Македонија, која губеше по дваесет разлика од Египет... но наместо поправање на впечатокот, избраниците на Лазаров го шокираа ракометниот свет и го прегазија актуелниот светски шампион Данска (33-29). Сега се многу блиску до пласман на ЕУРО2022. Во Скопје видовме полетна и мотивирана Македонија желна за докажување. Се вратија Филип Миркуловски, Манасков и Георгиевски се врати и победничкиот дух кој го красеше најдобриот спортски колектив во Македонија...