Македонците Влатко Митков и Никола Костески изведоа атрактивен цепелин во победата на Холабрун против Тулн во Австрија со 25:18.
Во атрактивниот цепелин асистенцијата беше на Митков, а Костески ја смести топката во мрежата. Костески беше и најефикасен на натпреварот со осум постигнати голови.