Првичната пауза што беше најавена за Бундес лигата до 23 сепак, беше продолжена во текот на вчерашниот ден од страна на раководството на лигата.
Таа ќе трае до 16 мај, а дали ќе има следно одложување или ќе биде стопирана најсилната ракометна конкуренција во светот ќе биде познато најдоцна до 20 април.
Во Германија настапуваат петмина македонски интернационалци, кои остануваат таму во исчекување на нова одлука.
Пешевски, Кузмановски, Миркуловски, Талески и Томовски, се договорија дека ќе се откажат од дел од платите (кој помалку, кој повеќе) за клубовите да можат полесно да ја поминат кризата.