Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата Македонци – Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски освои само бод против составот на Кањас, 25-25.
Иако важеа за фаворити на овој натпревар, избраниците на Давид Писонеро, на крајот мораа да се задоволат само со бод.
Димитриоски на овој натпревар успеа да погоди еднаш од двата обиди, додека Димитриевски немаше голови.
Ваљадолид следниот викенд ќе игра на гостински терен кај составот на Торелавега во потрага по третиот триумф оваа сезона во Асобал лигата.