Двајцата македонски интернационалци, Александар Тренчевски и Илија Крстевски, во новата сезона ќе го носат дресот на финскиот АИФК.
Десното крило веќе петта сезона е во Финска, досега го носеше дресот на Паргас ИФ, а последната сезона беше тренер на женската екипа на Паргас.
29-годишниот Крстевски во Македонија ги носеше дресовите на Металург, Пролет, Борец и Јуниор Кисела Вода пред да замине во Скандинавија.
Тренчевски во пролетниот дел беше дел од АИФК, а сега ја продолжи соработката и за наредната сезона. Ова не е прв клуб во скандинавската земја за Македонецот, бидејќи една сезона мина и во Паргас ИФ.
Кружниот напаѓач во Македонија го носеше дресот на Прилеп, Вардар Јуниор, Струга и Зомимак Струмица.