Екипата на Ваљадолид, во која настапуваат двајцата интернационалци од Македонија, Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски ќе игра во четвртфиналето на Копа Дел Реј познат како Кралскиот Куп во Шпанија.
Тимот предводен од екс селекторот на Вардар, Давид Писонеро на гостински терен славеше против Сиудад Реал со 32:26 (15:10), во рамки од осминафиналето на Копа Дел Реј и обезбеди место меѓу 10-те најдобри екипа во ова натпреварување.
Двајцата ракометари од Македонија беа меѓу главните стрелци во победничката екипа. Велешанецот Димитриевски имаше четири погодоци, додека прилепчанецот Димитриоски натпреварот против Сиудад Реал го заврши со три реализации.
Следен предизвик за Ваљадолид е дуелот против Ла Риоха во Асобал лигата. Писонеро и неговите избраници во најквалитетното шпанско натпреварување се позиционирани на 10. позиција на табелата.