Пред неколку дена се појави албумот со самолепливи сликички на Панини за сезоната 2022/23 во Асобал лигата.
Меѓу играчите кои се најдоа во албумот се и двајцата македонски интернационалци Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски.
Тие со успех сезонава настапуваат за екипата на Ваљадолид, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро.
Димитриоски и Димитриевски по еднаш беа во тимот на колото во Асобал лигата по одличните партии.
Своевремено сличен албум се појави и во Германија, па Филип Миркуловси, Филип Талески, Дејан Манасков…кои тогаш играа во Бундес лигата добија свои сликички.