Македонските екипи подготовките за новата сезона ќе ги започнат или на средината или на крајот на месец јули.
Ракометарите за време на долгата пауза имаа доволно време да се посветат на поинакви активности од ракометното секојдневие исполнето со тренинзи и натпревари.
Членот на Бутел Скопје, Горан Печенковски, на социјалните мрежи сподели фотографии од необичното искуство.
Тој имаше шанса да се проба како нуркач во Охридското Езеро, поточно во делот околу Заливот на коските.