Македонските интернационалки што настапуваат во шведското првенство – Стефанија Мишевска и Андреа Белеска во дресот на Боден, не можат да се вратат во Македонија, откако беа воведени мерките за затворање на аеродромот во Скопје поради ширењето на коронавирусот.
Тие откако ги завршија обврските кон својот клуб, со оглед на тоа што Шведската федерација реши да означи крај на шампионатот, преку Копенхаген требаше да се вратат дома, но се заглавени на аеродромот во Данска.
Мишевска и Белеска се обратија на социјалните мрежи и побара помош од Министерот за Надворешни работи, Никола Димитров.
Со оглед на тоа што од страна на Владата на Република Македонија завчера не било објавено во Службен Весник затворањето на аеродромот во Скопје, тој ќе може да работи до вечер до 23:59 часот, па можеби нашите ракометарки ќе успеат да најдат конекција и да се вратат во татковината.