Пријателите се оние што те следат секаде и ти даваат поддршка, а Лука Циндриќ иако веќе не е дел од Вардар, се уште ja одржува „македонската врска“. Хрватскиот ракометар често знае да дојде во Скопје ненајавен и да се дружи со пријателите.
Овојпат „македонската тајфа’“ мина неколку илјади километри, за да стигне до Барселона и да му го честита раѓањето на синот Рикард. Се разбира покрај дружењето, Лука доби и мекици како што е обичајот во Македонија, а и пакет квалитетно вино. Лука се погрижи нивниот престој во Барселона да биде запаметен.
Рикард е второ дете на Лука Циндриќ, а заедно со сопругата Лара имаат и ќеркичка, Алиса.
Ждаре, Чарли, Делчо, Дуле, Сибин, Војче, Мартин минаа со мини комбе долг пат да се израдуваат заедно со Лука и неговата соприга Лара. Македонска делегација имаше и летово на свадбата на Лука и Лара во Хрватска. Тие постојано ги следат, не само Лука, туку и Иван Чупиќ, па и Тимур Дубиров.
Мекици за Циндриќ
Овојпат на пропатување за Барселона застанаа и во Загреб, да ги поздрават поранешните вардарци.
Се разбира покрај дружбата и радоста за приновата, македонската експедиција имаше можност и Барселона да гледа и меч на ракометниот клуб, и да види колкава ѕвезда е Лука. Се разбира љубовта кон Вардар останува.