Откако најдобриот прволигашки стрелец Адис Салиу потпиша за косовскиот тим Кастриоти, уште две засилувања од Македонија му се придружија во Феризај.
Станува збор за десното крило Бојан Николовски и чуварот на мрежата Мартин Божиновски.
Николовски е искусен суперлигашки играч, кој последно играше за Скопје, а претходно беше дел од Пролет, Бутел Скопје и Металург 2.
Голманот Мартин Божиновски, минатата сезона бранеше за Вардар Неготино, а има настапувано и за Металург 2, како и Весна Акумулатори од Пробиштип.
Покрај Салиу, Николовски и Божиновски, косовскиот тим се засили со уште два бека – Босанецот Самид Мекиќ и Бразилецот Гиљерме Да Силва Фернандеш.