Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беа извршени ждрепките за четвртфиналето и полуфиналето во ЕХФ Купот и Челинџ Купот во женска конкуренција.
Во Челинџ Купот ќе има шпански и хрватски двобои. Ќе се сретнат Локомотива Загреб и Бјеловар, односно Ваљадолид и Атлетико Гуардес, а тимот на Наиса Ниш каде што игра македонската репрезентативка Симона Стојановска ќе се соочи со португалската Мадеира.
Покрај четвртфиналните двојки, беа формирани и полуфиналните, па сите екипи сега го знаат патот до финалните средби.
Во ЕХФ Купот ќе има македонски двобој. Подравка на Елена Ѓорѓиевска ќе игра против Турингер на Јована Саздовска во четвртфиналето, а интересен ќе биде и двобојот меѓу Лада и Оденсе. Бранителот на титулата Шиофок ќе игра против турскиот Кастамону.
Првите натпревари од чевртфиналето се играат на 29 февруари или 1 март, а реваншите се на 7 или 8 март.