Машката сениорска репрезентација стартуваше со втората фаза на подготовките за настапот на Европското првенство во Унгарија и Словачка.
Ракометарите ќе се подготвуваат во СЦ „Борис Трајковски“, каде што ќе бидат одиграни двата пријателски меча против Израел, кои ќе бидат од затворен тип и навивачите нема да може да бидат присутни.
Израелците денеска пристигнуваат во Скопје, а од македонската престолнина заминуваат за романскиот град Клуж, каде ќе играат на квалификациски турнир за пласман на СП.
Двата меча меѓу Македонија и Израел ќе се одиграат во терминот од 18:00 часот на 3. и 4. јануари 2022 во СЦ „Борис Трајковски“.
Селекторот Кире Лазаров по двата меча веројатно ќе ги одреди патниците за Дебрецин, каде Македонија ќе игра против Данска, Словенија и Црна Гора.