Европската ракометна федерација ги потврди домаќините на следните настани во женска кадетска и младинска конкуренција.
Такви ќе има шест следното лето, а на ЕП ќе играат кадетската и младинската репрезентација на Македонија.
Европското кадетско првенство со 16 селекции, меѓу кои и Македонија ќе се игра во Црна Гора од 3 до 13 август. Ќе има и два шампионати, што ќе се играат од 5 до 13 август во Азербејџан и Турција.
Европското младинско првенство со 16 селекции, меѓу кои и Македонија ќе се игра во Романија од 6 до 16 јули. И во оваа конкуренција ќе има два ЕХФ шампионати од 8 до 16 јули во Литванија и Косово.