Поранешниот репрезентативец на Исланд Гудјон Валур Сигурдсон е играчот со најмногу постигнати голови во репрезентативниот дрес. Тој за Исланд настапуваше повеќе од 20 години (1999 -2020 година) и има постигнато 1875 голови. На второто место се наоѓа Унгарецот Петер Ковач со 1797 голови.
На третото место е актуелниот селектор на Македонија, Кирил Лазаров со 1722 гола, а зад него се наоѓа уште еден поранешен репрезентативец на Исланд Олафур Стефансон со 1570. Повеќе од 1500 голови има постигнато уште и Ларс Кристијaнсен од Данска – 1503 .
Веднаш зад првата петорка е и првиот играч кој не е од европска држава Ахмед Ел-Ахмар (Египет) со 1496 голови.
Од активните играчи најблиску се Никола Карабатиќ и Микел Хансен кои се наоѓаат на 13.место (Карабатиќ со 1263 голови) и 14.место (Хансен – 1254 голови).
Лазаров со 92 гола од Светското првенство 2009 година во Хрватска и натаму е најдобар стрелец на Мундијалите.