Тимот на ПАОК од Солун каде што играат двете македонски интернационалки, Александра Боризовска и Сања Дабевска, се наоѓа на чекор до финалето од шампионатот на јужниот сосед на Македонија.
На првиот полуфинален меч од плеј-офот, ПАОК на домашен терен беше подобар од составот на Пилаја со 32-25.
Иако ПАОК имаше спор старт и беше израмнето до средината на првиот дел, сепак во финишот на полувремето, тимот од Солун стигна до плус шест, 16-10.
Боризовска беше стрелец на три погодоци, додека Дабевска додаде уште два во убедливиот триумф.
Втората средба од полуфиналето на плеј-офот, ПАОК ќе го одигра на гостински терен кај Пилаја.