По смената на Горан Куртеш во Дачиа Миовени, по четири одиграни натпревари во романскиот шампионат веќе ја имаме и втората смена на тренер.
Раководството на Дунареа Браила реши да го отпушти тренерот Невен Хрупец. На неговото место доаѓа романскиот стратег Костика Бучечи, кој ќе ја сочува и селекторската работа на женската репрезентација на Турција.
Во Дунареа Браила играат две македонски репрезентативки – левиот бек Марија Штериова и левото крило Јована Саздовска.
Прв предизвик за новиот тренер на Дунареа Браила ќе биде гостувањето кај незгодната екипа Баја Маре следната среда.