Македонскиот двобој во Бундес лигата меѓу Хановер и Вецлар, го добија гостите со шест гола разлика.
Филип Миркуловски и Вецлар победија со 28-22 на тешкото гостување кај Филип Кузмановски и Хановер.
Двајцата македонски интернационалци погодија по еднаш од двата обиди што ги имаа на овој натпревар.
Штутгарт со Жарко Пешевски го победи Лајпциг со 29-25, додека Магдебург направи уште еден чекор кон титулата со триумфот над Фуксе Берлин со 28-27.