Во рамки од шампионатот на Финска се сретнаа екипите на СИФ и АИФК, во кој настапуваат двајцата ракометари од Македонија, Филип Чурлевски и Александар Тренчевски.
Победник во македонскиот двобој во Финска беше екипата на Тренчевски, АИФК, која обезбеди минимален триумф со 27:24. На полувреме резултатот беше 11:8 во корист за победничката екипа.
Македонците на овој натпревар се покажаа во солидно светло и имаа забележителна партија за своите екипи.
Тренчевски во дресот на АИФК постигна два погодоци, одигра солидно во одбраната и имаше заработено две исклучувања, додека Чурлевски беше меѓу најдобрите стрелци во СИФ со три постигнати погодоци и едно исклучување.