Екипата на Магура Чиснадие го доби натпреварот против Глорија Бузау со резултат 22:20 во натпревар од 17. коло од романскиот шампионат.
Во поголемиот дел од првото полувреме, Глорија Бузау имаше солидно водство од два до три гола, но гостинската екипа успеа да се врати во игра и да замине на полувреме со предност од еден гол разлика, 10:9. Во вториот Магура доминираше на теренот и на крајот ги освои бодовите.
На натпреварот настапија и две репрезентативки на Македонија. Во Магура Чиснадие солидна партија имаше Елена Ѓоргиевска со три гола од четири шута.
Во поразената екипа, Елена Ливриниќ не успеа да се запише во листата на стрелци, а втората Македонка во Глорија Бузау, Марија Штериова не настапи поради повреда.