Тимот на Брегенц, каде што настапува некогашниот македонски репрезентативец Влатко Митков славеше во македонскиот двобој во Австрија.
Брегенц на домашен терен го порази составот на Линц со 33-28, чии членови се двајца Македонци – Горан Крстевски и Никола Костески.
Митков даде пет голови за победничкиот тим, а исто толку постигна и Костески за гостинската екипа.