Младата македонска репрезентативка Ива Младеновска, од следната сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.
Таа потпиша за францускиот Брест Бретањ, и се обврза за верност од 2027 година, односно во следните четири сезони.
Десниот бек има само 16 години, настапува за Металург во овој момент, а беше дел и од школата на Алушовски.
Во својата биографија има запишано настапи за кадетската, младинската и сениорската репрезентација на Македонија.
Младеновска е петтото засилување за францускиот вицепрвак, кој претходно се засили со Одри Дембеле, Жулиет Фор, Валерија Маслова и Шарлот Чолевова.