Македонските репрезентативци, кои денеска имаат слободен ден на СП, го искористија утрото во Краков за прошетка низ овој полски град.
Дел од нашите ракометари имаа изненадна средба со амбасадорот на Македонија во Полска, Илија Псалтиров.
Тој им посака среќа за преостанатите два меча од групната фаза против Холандија и Аргентина и им упати поддршка за пласман во главната рунда. Поради работни обврски Псалтиров се враќа во Варшава, но ќе дојде во Краков и ќе ги бодри од трибините на следните два натпревари.
Псалтиров им честита за храбрата игра против силната Норвешка и посака пласман во главната рунда. Тој е поранешен водител и естраден уметник, а сега ја извршува амбасадорската улога во Варшава.
Вечерва ракометарите ќе имаат тренинг, а утре ги чека вториот мундијалски предизвик Холандија.
Натпреварот се игра во „Таурон Арена“ со почеток од 18:00 часот.