Ракометарката која веќе неколку години е стандардна во репрезентацијата на Македонија и го брани голот на сениорскиот состав, Матеја Серафимова во новата сезона ќе биде дел од нов клуб.
Од Данска се сели во тимот на Макаби Аразим Рамат Ган и ова ќе биде едно ново искуство за неа бидејќи се сели во шампионатот на Израел каде што ќе има можност за уште едно докажување.
Серафимова потекнува од школата на Металург, а оттаму во 2017 година се пресели во тимот на ПАОК. Следуваше настап за Славија Прага, па за Рингобинг. Макаби ќе и биде четвртиот тим надвор од Македонија во кариерата и сигурно ќе има што да покаже.
Таа се наоѓаше во добра форма пред паузата поради коронавирусот, па останува истата форма да ја пренесе и во новата екипа.