Еден од двајцата браќа од дуото „Некст Тајм“, Мартин Филиповски, ја побара раката на македонската репрезентативка Андреа Белеска.
Белеска одговори потврдно на понудата за брак, а социјалните мрежи беа преполни со честитки за спортско-музчкиот пар.
Мартин и Андреа се осум години во врска, но неколку години мораа да ја одржуваат на далечина поради професионалните ангажмани на десниот бек во странство.
Белеска потекнува од Кичево, беше дел од Металург во Македонија, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа, шведскиот Боден.
Минатата сезона играше за грчкиот ПАОК од Солун.