Машката сениорска репрезентација на Македонија славеше кај Турција со 36-27 и со една нога обезбеди место на Европското првенство во 2024 година.
Избраниците на Кире Лазаров одиграа моќно и на домаќинот му покажаа кој е кој во ракометниот свет.
Иако Турците во финишот се разиграа и ја преполовија негативата, нашите момци рутински ја довршија започната работа.
Во март 2023 година следува двомеч со Португалија, со која ќе се бориме за првото место во групата.
Најдобрите моменти од мечот меѓу Турција и Македонија погледнете ги ТУКА.