Македонска ракометна антипропаганда – Пелистер играше натпревар со шест ракометарки!

Натпреварот меѓу Кузман Вардар и Пелистер од 13 коло во Женската лига беше вистинска антипропаганда на ракометот.

Домаќинот имаше во составот само девет ракометарки, додека гостинот играше без замена  – само со шест! Вкупно 15 ракометарки беа на теренот и тој натпревар всушност личеше на тренинг на една екипа, која поделена во две постави играше меѓусебе.

Каде оди женскиот ракомет, дали сениорската лига е всушност младинско-кадетска конкуренција, дали треба да му се дозволи да игра на тим што има помалку од една постава на теренот, дали…се прашања чии одговори треба да ги дадат луѓето што работат во македонскиот женски ракомет и секако РФМ.

Патем, домашниот тим ја оствари првата победа во лигата оваа сезона, откако славеше со 43-34. Три ракометарки имаа двоцифрен ефект – Белевска даде 17 голови за Пелистер, додека Јовевска постигна 15 за Кузман Вардар. Трет стрелец беше Милосављевиќ со 11 погодоци.