Македонска ракометарка „стапна на луд камен“ – Мартин од „Некст Тајм“ и Белеска кажаа „ДА“ (ФОТО)

Поранешната македонска репрезентативка Андреа Белеска и едната половина од дуото „Некст Тајм“, Мартин Филиповски, денеска стапија во брак.

Откако пред девет месеци, Мартин ја побара раката на Андреа и доби „ДА“, парот ја направи свадбената веселба, на која присуствуваа многумина од ракометниот и естрадниот свет.

Мартин и Андреа беа осум години во врска, но неколку години мораа да ја одржуваат на далечина поради професионалните ангажмани на десниот бек во странство.

Белеска потекнува од Кичево, беше дел од Металург во Македонија, а во странство настапуваше за турскиот Јенимале, романската Валчеа, шведскиот Боден, грчкиот ПАОК.