Ракометарите на Еурофарм Пелистер после пораз и реми, дојдоа до првата победа во Групата Д од Лигата на Европа откако го совладаа Аек на негов терен со 30:27.
Еурофарм Пелистер од почеток до крај беше во предност и имаше целосна контрола на средбата и резултатот така што конечниот епилог не е никакво изненадување на овој дуел. Единствен пат кога беше нерешено, тоа беше уште на стартот кога после 1:0 домашните израмнија на 1:1.
Веднаш после ова тимот на Еурофарм Пелистер имаше 4:1, а овие три гола во 10. минута беа и плус пет, 9:4, па беше полесно да се игра во продолжение.
Почетокот на средбата беше одличен за пелистерци со оглед на тоа што голманите немаа одбрани во првите 20 минути така што предноста беше одлична во еден таков период на игра се чуваше и водството.
Добрата игра беше на дело до крајот на првите 30 минути за на одмор да се замине со резултат 16:13.
Продолжението од натпреварот донесе интересен тек. Домашните се обидоа да се вратат во средбата, но секогаш кога ќе почнеа да се доближуваат следуваше реакција. Главно предноста на Еурофарм Пелистер се движеше меѓу три и пет гола. Одбраната функционираше, имаше помош и од голманите, па беше лесно да се влезе во финишот со убава предност.
На средина од второто полувреме водството за Еурофарм Пелистер беше 25:19 и тука веќе почна да станува јасно кој победува. Аек се обиде да фати приклучок, но Секељ симна неколку зицери и остана само да се доработи задачата до крај.
И на четири минути до крајот предноста беше иста. Еурофарм Пелистер имаше плус шест и остануваше само прашањето кој ќе биде конечниот резултат. Веќе немаше дилема дека Еурофарм Пелистер ќе победи и ќе му го нанесе првиот пораз на Аек. Воедно ова е првиот триумф за тимот од Битола во групата Д од Лигата на Европа, па сега ќе биде сигурно многу полесно на следните натпревари.
ЛИГА НА ЕВРОПА – ГРУПА Д
ТАБЕЛА